Инспирација, квалитет и посветеност

Нашата приказна

Компанијата ИНТЕР БУИЛД е основана 1998 година. Од самиот почеток со нејзината дејност се насочува кон подигање и унапредување на стандардите на деловното работење со високо квалитетни еколошки и енергетско ефикасни производи – прозори и врати од реномираниот германски бренд Кömmerling, изработени со најсовремена технологија.

За подобро да се претставиме, да се поврземе и да бидеме достапни за нашите клиенти, отворивме изложбен и продажен салон на улица Владимир Комаров бр. 40 во Скопје, со широк спектар на експонати каде што клиентите можат да ја видат нивната функционалност и квалитет во природен, реален животен амбиент.

Високите стандарди што ги поставивме, предизвикот на сложените барања и инсталации, задоволните клиенти низ годините и континуираниот развој на компанијата претставуваат извор на голема гордост за нас.

Мисија и визија

Се стремиме да ја нагласиме и имплементираме важноста на одржливиот развој преку еколошки и енергетски ефикасни производи, за да можеме заедно да ги спречиме непотребните загуби на топлинска енергија, да заштедиме со инвестирање во квалитет и да придонесеме за зачувување на животната средина за идните генерации.